За нас

page_image

За нас

   ДТУ Агромаркет Игор е формирана во 1999 година. На почетокот дејноста се одвиваше на мало, т.е преку продажба во повеќе земјоделски аптеки, но во 2002 г. се донесе одлука да се изврши зголемување на продажбата т.е покрај продажба на мало во сопствени земјоделски аптеки, да се пристапи и на продажба на големо. За таа цел од повеќекратните контакти со одредени странски фирми, се склучи договор за генерално застапништво во Р. Македонија со грчката фирма за производство на вештачки ѓубрива ,,Натуре“, но во исто време се обезбедија и транспортни средстава (пикап, комбе) со кои се дистрибуираше робата на целата територија на Р. Македонија.

   Интезивните контакти со другите странски фирми продолжија да се одвиваат со зголемено темпо. Тоа пак придонесе нашата фирма денес да биде застапник на повеќе странски фирми меѓу кои се: ,, Semo “  Р. Чешка, ,,Nature“- Р. Грција, ,,Alba Milagro“- Р. Италија, ,,Sgaravatti“- Р. Италија, ,,Fertil" - Србија и други. Исто така се зголеми и возниот парк, со што уште повеќе се наметнавме на пазарот во Р. Македонија.

   Денес ДТУ Агромаркет Игор е фирма која има моментално има 7 вработени и една земјоделска аптека која се наоѓа во Струмица, исто така располага и со магацински простор кој се наоѓа во с.Владиевци,  о.Василево, Струмица. Благодарение на добро организираната продажна мрежа пласираме голем број на различни земјоделски продукти од сопствен увоз. Притоа не само што пласираме на големо минерални вештачки ѓубрива, туку и семенски материјал како и репроматеријали за добивање на квалитетно и квантитетно земјоделско производство. 

Исто така, започнавме да изнесуваме на пазарот наши сопствени течни минерални вештачки ѓубрива. Во иднина планираме да продолжиме со оваа темпо и да се ориентираме кон производство на вештачки ѓубрива: кристални, течни итн. 

« врати се назад

Наши Партнери