page_image

EXTREM LIQUID Ca-Mg

Оваа е течно калциумово- магнезиумово ѓубриво кое може да се примени кај сите растенија во сите фази на развој. Калциумот е есенциален елемент кој има влијание не само на надземната маса туку и на кореновиот систем. Добри резултати дава при спречување на појава на горки, плутесни дамки кај јаболката, плутести ткива, дава поголема цврстина на плодовитеи надземниот дел и др.

Магнезиумот кој влегува во составот на хлорофилот, влегува во разни фотосинтетски процеси, при што доаѓа до подобрување и на шеќерноста и бојата на плодовите.

Состав:

  • Калциум (ЦаО) - 15%
  • Магнезиум (МгО) - 2.5%

Примена:

  • Генерална доза:
    Фертиригација: 1-2 л/1000 м2
    Фолијарно: 200-400 мл/100 л вода.
  • Овошје - Јаболка (2-5 апликации)
    Фолијарно: 1-ва апликација:150-200 мл/100 л вода.
    По појава на првите плодови.
    2-ра апликација: 200-300 мл/100 л вода, 20 дена по првата апликација.
    Наредните третирања да се извршуваат во интервал од 20-25 дена.
  • Домати, пипер, компир, краставици:
    Фолијарно: 200-400 мл/100 л вода по појавата на првите плодови
    Фертиригација:1-2 л/1000 м2
    Во оранжерии препорачливо е да се применат помалите дози.
  • Бостан, дињи:
    Фолијарно: 200-300 мл/100 л вода по појава на првите плодови.
    Останатите апликации да се во интервал од 15-20 дена.
    Фертиригација: 2 л/1000 м2
« врати се назад

Наши Партнери