page_image

NPK 9-15-15+20%SO3

 Oва минерално-грануларно ѓубриво содржи 4 основни макробиогени елементи N, P, K и S. Р и К се застапени во ист сооднос. Доминира содржината на сулфур. Сите елементи се неопходно потребни во исхраната на сите земјоделски култури. Ѓубривото влијае врз подобрување на плодноста на почвата, а посредно има дејство врз растенијата за подобро растење, развој и квалитет на приносите.

Се применува за предсеидбената подготовка на почвата или во основната обработка во количина од 300 до 600kg/ha во зависност од видот на културата и плодноста на почвата.

Хемиски состав:  Вкупен азот (N) -9%; Фосфор (P2O5)- 15%; Калиум(К2О)- 15%; Сулфур (S) – 20%

Пакување: 2kg; 5kg; 25kg

« врати се назад

Наши Партнери